Две одделни интервенции на водоводната мрежа денес. Од ЈП Водовод Охрид најавуваат неколкучасовен прекин во водоснабдувањето.

Денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „7-ми Ноември“ (на потегот од улицата „Егејска“ до Пекара Феникс) и улицата „Марко Нестороски“ (на потегот од Алпојо до Пекара Феникс). Прекинот за втората интервенција е на улиците „Славеј Планина“ и бул. „Туристичка“ (на потегот од Гимназија до бензиската пумпа Макпетрол), велат од претпријатието.

OhridNews