Карате клубот Чоле од Охрид се закити со две одличја на Балканското првенство за јуниори и кадети  категории кое се одржа изминатиов викенд во Скопје.

Охридскиот клуб на првенството учествуваше со тројца натпревари но двајца завршија на пиедсталот освојувајќи бронзени одличја. Во категорија до 57 килограми трет финишираше Стефан Петрески, додека Симон Петрески трет заврши во категоријата до 63 килограми. Христијан Миленкоски имаше забележителен настап, но без освоен медал.

Учеството на Балканското првенство охридските каратисти го обезбедија после успешните резултати и борби на Државното првенство.

OhridNews