Охридските Таеквон-до клубови Хваранг ИТФ и Мастер имаа успешна презентација на Охрид и Македонија, на Меѓународниот отворен Таеквон-до ИТФ турнир во Прњавор, БиХ.

На турнирот учествуваа 9 земји и над 250 натпреварувачи, а охриѓани предводени од своите тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски  освоија еден сребрен и еден бронзен медал. Зоран Донев во сениори до 71 кгр го освои второто место додека Наум Пацески во јуниори до 69 кгр го освои 3 место брознен медал.

Покрај овие двајца уште настапија Јован Џајкоски во пионери висина до 175 см и Александар Јованоски во пионери висина до 165 см.

По овој за охридските клубови е нов предизвик и тоа на 31 март во Бачка Топола.

Ohridnews