Со поставување на специјални рампи со платформа на плажите „Љубаништа“ и „Горица 3“ за прв пат се обезбедија услови за соодветен пристап до Охридското Езеро за лицата со посебни потреби.
Охрид е првиот туристички центар во Македонија кој обезбедува услови за рекреација и одмор за оваа категорија граѓани и им овозможува непречен пристап за капење во езерската вода. Покрај рампите со платформа, на двете плажи поставени се и специјални тоалети, а достапни за користење се и електрични инвалидски колички кои ќе ги возат до рампата.
Станува збор за проект кој беше во мојата предизборна програма и ова лето почнува да се реализира. Не планираме да застанеме тука, изјави градоначланикот Кирил Пецаков по промоцијата на рампата на плажата во Љубаништа.
Спремаме уште една плажа, а ќе продолжиме најмалку со уште две. Со вкупно пет сакаме да ја покриеме територијата на Општина Охрид. Локалната самоуправа е подготвена во наредните години да помогне во изградба на пристапни рампи за инвалидизираните лица и охридските плажи да ги приближи кон европските и светските стандарди. Се надевам дека на овој позитивне пример ќе се приклучат сите сопственици на хотели на охридската ривиера. Посветивме доста време и внимание на овие групи, а ќе продолжиме да функционираме на овој начин, да се приближуваме кон европските и светските стандарди, рече Пецаков.

Тие се специјални звучни и светлосни плочки, кои ќе бидат поставени од Охридското пристаниште до влезот на Охридската чаршија. Се надевам дека ќе биде добар повод не само Општината, туку и државата да се грижи за лицата со посебни потреби. Министерството за транспорт и врски стопанисува со плажите низ охридското крајбрежје и ќе мора малку повеќе заедно со Општина Охрид и НВО сектор да придонесат за подобро живеење на овие луѓе, истакна Денесоски.

Покрај денешната рампа за пристап во вода на лицата со посебни потреби, ги имаме приспособено сите наши тоалети, пристап во маркет, до рецепција, во ресторан со инвалидски рампи за да можеме и на тие лица да им овозможиме непречено уживање во летните одмори, нагласи Бакалоски.
Специјалните рампи, Општина Охрид ги обезбеди преку донација од здружението „СОС Балканмедиа“. Истите се монтажни и на крај од летната сезона ќе се отстранат, а во текот на наредното лето повторно ќе се постават. Невладината СОС Балкан медиа истите ги даде во сопственост на јавното претпријатие „Комуналец“ кој ќе се грижи за нив.
OhridNews













