Поради зголеменито интерес за театарската претстава МЕТАМОРФОЗИ, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на новоформираниот Охридски театар, репризно ќе се прикажува на 25 Јуни (сабота) и 30 Јуни (четврток) со почеток во 20.00 часот во НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид, мала сала.


Претставата е работена по Метаморфози на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска.

Митот е како единица мерка за времето на една цивилизација.Митовите како архетипови се појавуваат историјата на човештвото И носат предупредувачки пораки за луѓето од иднината, за да не се повторат истите грешки кои ги направиле нашите претходници. Но што ако боговите не се достојни на своите правила, на својата божественост? Како да се победи досадата од бесмрноста? Дали и боговите сакаат да станат луѓе колку што ние сакаме да станаме богови? се прашањата кои ги отвора оваа античка комедија со постмодерен горчлив вкус…

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.

OhridNews