Дуото од Шкендија, Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи поради повреди ќе го пропуштат натпреварот против Лихтенштајн во квалификациите за пласман на СП 2018 во Русија, објави ФФМ на својата интернет страница.


Двајцата фудбалери на тетовска Шкендија имале дополнителни лекарски прегледи по кои било утврдено дека не можат да бидат во комбинација за настап против Лихтенштајн.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски на место на повредените Хасани и Бејтулаи ги повика Стафан Спировски од Вардар и Кристијан Тошевски од Пелистер.

„Црвено жолтите“ мечот со Лихтенштајн во Вадуз го играат на 24 овој месец.

OhridNews