Две сообраќајни незгоди се случија денеска на булеварот „Туристичка“ во близина на излезот од Охрид.

Во првата, возило марка “Југо“ со охридски таблички изгубило контрола, удрило во металната заштитна ограда која ги дели двете ленти и завршило на коловозот. Возачот бил пренесен во општата болница во Охрид, од каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Во втората незгода непосредно до местото на која се случи првата, учествувале две возила „Цитроен“ и “Форд“. Најверојатно поради не држење растојание или неприлагодена брзина фордот удрил во цитроенот, информираат од полицијата. Возачот на фордот бил пренесен во општата болница од каде по прегледот бил пуштен дома.

На местото на незгодите увид изврши сообраќајната полиција.

OhridNews