На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од селото Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле 56, 22 и 46 годишните сопатници, сите од истото село, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 12.07.2023 во 16.10 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и селото Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36 годишно лице од селото Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од 33 годишно лице од Р. Германија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, 66 годишна од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид, додаваат од СВР Охрид.
Увид во двете сообраќајни несреќи бил извршн од страна на увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews











