Охриѓанецот Димитар Камнаровски освои две сребрени одличија на “спидо“ турнирот во Брунсум, Холандија. Камнаровски беше второпласиран на трката 50 метри делфин со време 43.82, додека на 100 м градно исплива 1.38.77.


Викендов Камнаровски имаше успешен настап на меѓународниот турнир во Неус, Германија каде освои две златни медаљи.