Теквондо клубовите “Мастер”од Охрид и “Хваринг” од Лескоец имаа забележителен настап на меѓународниот  Куп на Благоевград во Р.Бугарија, кој се одржа од 9 до11 декември.

-И покрај сите проблеми што не мацеа пред натпреварот што од финансиска страна, што од немање соодветни услови за тренинг, нашите  горди натпреварувачи уште еднаш се докажаа на дело пред спортската јавност, овојпат во Благоевград, освојувајќи два медала, информираат од клубовите „Мастер“ и „Хваринг“.

На овој многу силен турнир настапија екипи од Словенија, Србија, Романија, Молдавија, Р.Српска, Босна и Херцеговина, Грција и домаќинот Р.Бугарија. Македонија ја претставуваа Андреј Божиќ, Александар Јовановски, Ристе Чочески, Јован Џајкоски, Антонио Џајкоски и Наум Пацески под водство на тренерите Саша Поповски и Марјанчо Лазаревски. Во многу силна конкуренција за Јован Џајкоски во категорија до 55 кг. освои сребро и во тешка категорија Антонио Џајкоски исто така се закити со сребро.

Настапот на охридските клубови во Бугарија го помогнаа Општина Охрид, бутик „Ричи“ и маркет „Тамаро“, на кои спортистите јавно им се заблагодаруваат.

OhridNews