Две тепачки се случиле вчера на ул. “Живко Чинго“ пред влезот на училиштето ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски“. Најпрвин околу 11 часот настанала тепачка помеѓу две лица и ученици од училиштето, која била прекината со интервенција на професорите.
Два часа подоцна на истото место се случила уште една тепачка во која учествувале седум лица, сите ученици во ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски“. Во тепачката едно лице се здобило со расекотина над левото уво и гребнатина од десната страна на вратот, нансени со метален боксирач, а уште едно лице се здобило со тешки телесни повреди на раката.
СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.