Охриѓанецот Димитар Камнаровски со освоени две втори места го заврши настапот на првиот Спидо куп во Керкраде во индивидуална конкуренција.


Камнароски на трката 100 метри краул исплива 1,21,33, додека на 100 метри грбно трката ја заврши со време 1.27.00.


Минатиот викенд тој дебитираше за новиот клуб каде во екипна конкуренција беше дел од штафетата 4 пати по 50 метри која го освои првото место.

М.П.