Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов од 14-16 ноември учествуваше на Европски Куп во традиционално Таеквон-до ИТФ „Бугарија Опен 2025″ во Пловдив, каде имаа земено учество 788 натпреварувачи од 13 земји во Европа, Македонија, Бугарија, Грција, Србија, БиХ, Молдавија, Романија, Словачка, Хрватска Словенија, Ирска, Белгија и Естонија Боите на М.Т.Т.Ф под водство на Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, оваа година ги бранеа девет натпреварувачи од клубовите на М.Т.Т.Ф, кои и покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни еден сребрен и еден бронзен медал.

Огромно задоволство ми е кога ќе осовиме медал од вакви врвни натпревари каде конкуренцијата е премногу силна, а посебно ме радува кога ќе ги видам нашите натпреварувачи како даваат се од себе за да освојат медал од вакви квалитетни натпревари, пред се покажувајќи храброст и пожртвуваност, достојно претставувајќи ги боите на Македонија. Посебно пофалба до Божидар Димитриевиќ кој се закити со два медали, натпреваруваше борби во две тежински категории, кои одеа напоредно на две борилишта, истотака и Владимир Димитриевиќ натпреваруваше во две тежински категории, покажувајќи одлични борби во елиминации, но во двете категории во борбите за медал, во четвртфинале, беше совладан од пристрасноста на судиите, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф кој упати огромна благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општината Охрид и Министерството за Спорт кои го подржуваат нашиот спорт и не потикнуваат за нови успеси.

Христијан Шибакоски, нашиот млад надежен натптреварувач, посочи, кој после две победи во борбата за медал во четвртфинале изгуби со тесен резултат, што покажува дека оди во нагорна линија со неговиот квалитет.

Сите наши натпреварувачи покажаа одлични борби, додека Христијана Парулеска во првата борба при водство во првата рунда се повреди и мораше да прекине со натпреваруање, додаде Лазаревски.

Осовјувачи на медали се

  • Теодора Митреска златен медал во форми, црвен појас, сениорки 18-35 години ,
  • Мики Грнчески златен медал во форми, жолт појас, младинци 16-17 години У18,
  • Божидар Димитриевиќ бронзен медал спаринг/борби -92 кг , сениори 18-35 години, сребрен медал спаринг/борби +92 кг , сениори 18-35 години.

OhridNews