Денеска во Струга ќе започне дводневна „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа“, која ја организира Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа.

-Проектот „Управување со цврстиот отпад“ е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи, со цел да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад, како и за поддршка на еколошкиот и социо-економскиот развој на прекуграничните рурални и крајбрежни области во земјите од Југоисточна Европа, се вели во најавата за конференцијата.

Во рамки на овој проект, засновајќи се на развиена методологија и спроведената проценка на влијанијата, биле развиени модели за интегрирано управување со цврст отпад во три пилот-региони планини, речни корита и морско крајбрежје. Заедно со развиените механизми за подобрување и поддршка на системите за управување со отпад во локалните области, биле создадени мерки и препораки за поддршка на примената на дадените модели.

OhridNews