Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денес, попладне, се одржа настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, што е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО.

Со овој настан во седиштето на УНЕСКО, нашиот заеднички дом на културата, се оддава признание за удделот на великанот, македонскиот поет Блаже Конески во изградбата и афирмацијата на културата во нашата земја. Истовремено тоа е омаж за универзалните дострели на поезијата и на разлличностите. Песните на Конески се читани на многу светски јазици, затоа што поетскиот збор не познава граници. Овој чин ја поставува поезијата на местото кое и припаѓа и го заслужува. – рече мегу другото, министерката Стефоска.
Настанот е дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, што се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука.
Со организирањето на овој настан, се враќа некогашната традиција со која одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и соопштувањето на добитникот на „Златен венец“, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, како и на добитникот на „Мостови на Струга“, награда за најдобра дебитантска поетска книга под покровителство на УНЕСКО, се реализираат токму во Париз, во седиштето на оваа престижна Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.
Како што соопшти денеска во Париз амбасадорката на С. Македонија во Франција, Јадранка Чаушевска-Димов, добитник на наградата Златниот венец на Струшките вечери на поезијата оваа година е британската поетеса и драматург Керол Ен Дафи.
OhridNews











