Футсал репрезентацијата на Македонија во вториот контролен дуел со селекцијата на Словенија доживеа уште еден убедлив пораз, овојпат од 6-1. Во првиот дуел вчера Македонија загуби со 5-2.

Средбите кои се одиграа во Лашко се во рамките на подготовките на нашиот национален тим за претстојните квалификации од елитната рунда што од 15-18 Декември ќе се одиграат во Баку.

Нашата експедиција директно од Словенија патува за Баку, каде ќе игра во квалификациската група за СП со домаќинот Азербејџан, Украина и Хрватска.

Оhridnews