Љубителите на спортот во Охрид (ќе) имаат две причини за спортско уживање во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ кој ќе биде домаќин на Кошаркарскиот клуб АВ Охрид и Ракометниот клуб Охрид.

Охридските кошаркари во 17 часот во рамките од 19-та рунда во Јадранската Втора АБА лига силите ќе ги одмерат со Сплит. Дуелот со хрватскиот преставник доаѓа ден после значајната победа над Шкупи во Првата лига.

– Поради одложените мечеви ни се пореметија нашите планови и ќе ни дојдат неколку мечеви во серија во краток временски период. Дуелот со Сплит ќе го искористиме да се надигруваме и да и пружиме добра кошарка на публиката која ќе дојде во салата. – изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.

Ракометните „гладијатори“ во 19 часот и 30 минути против тимот на Борец ќе ги лекуваат раните од поразот од Пролет на стартот од пролетната полусезона во Супер лигата. Охридските ракометари со триумф над Борец и математички трета година по ред ќе обезбедат пласман помеѓу најдобрите екипи во Македонија.

OhridNews