Погодоците, потезите и победите на екипите во Премиер лигата паднаа во сенка после страотната повреда на Џејмс МекАрти на мечот помеѓу Евертон и Вест Бромвич Албион.
МекАрти настрада после дуелот со Соломон Рондон кој при дуел ја удри ногата на противникот место топката. Токму, членот на ВБА повикуваше за влегување на докторска екипа за да му се пружи прва помош на домашниот фудбалер.
Шкотланѓанецот ќе паузира најмалку 5 месеци, а после првичните испипување над негова нога ако биде потребно ќе биде извршен и операционен зафат.
Во мечевите од Премиер лигата победи забележаа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Лестер и Стоук совладувајќи ги Њукасл, Барнли, Брајтон, Кристал Палас, Ватфорд односно Хадерсфилд.
OhridNews