Барселона ја прославуваше титулата, Депортиво опстанокот, а сите заедно со стоечки овации му оддадоа чест на Чави Хернандез во мечот одигран на Ноу Камп, кој заврши без победник 2-2.


По водството на каталонците 2-0 со двата погодоци на Лионел Меси никој не очекуваше дека Депортиво ќе се врати и ќе го освои толку посакуваниот бод за опстанок. Тоа и се случи со два погодоци од 65 до 75-та минута Депортиво изедначи и го освои бодот вреден опстанок.


Во втората лига се селат Еибар, Алмерија и Кордоба, која сезоната ја заврши со три победи и 20 бодови.

Пласман во Лигата на Шампиони обезбедија Барселона, Реал Мадрид, Валенсија и Атлетико Мадрид, а во Лигата на Европа ќе играат Виљареал и Севилја, која ако победи во финалето од ЛЕ ќе обезбеди пласман во ЛШ.

Мх.П.