Дирекцијата за заштита и спасување подготвена за справување со евентуални пожари летнава сезона. На располагање ќе бидат ер тракторите за наши услови истакна директорот Беким Максути при предавањето на донацијата на ТППЕ Охрид и Струга денес во Охрид.

Пред 2 недели се вршеа тренинзи на Охридско Езеро со авионот кој што е вратен од сервис, другиот треба да се врати во текот на оваа или почетокот на идната недела и третиот се надеваме дека ќе го имаме до почетокот на сезоната на пожари. Можам да ве уверам сите дека ние сме подготвени, со пилотите се извршени и пробни летови и тренажа, рече Максути.

Додаде дека продолжени се и лиценците бидејќи спаѓаат во категорија на многу специфични и ризични летала кои се под цивилни регулативи и авторитети и од државата и од ЕАСА.

Затоа се многу покомплицирани и имаат други постапки кои последователно треба да се исполнуваат. Можам да ве уверам дека оваа година ќе ги имаме на располагање, но не само авионите туку и многу друга опрема и доброволни друштва кои искажале заинтересираност да бидат дел од тимовите на ДЗС за справување за справување со пожрите. Првите одговарачи на пожари на отворено треба секогаш да се службите на општините од каде се случува пожарот., дали тоа се Општина Охрид, Струга, пример службите од Националните паркови. На добар пат сме да имем еден проект кој што пред се е превенција на тие пожари.

Потенцираше дека дел од пилотите ја имаат завршено обуката, а другиот дел ќе ја завршат до крајот на годината тоа што беше отворено како постапка веќе 2 години поради ковидот не ги завршија обуките.

Н.С.Ј.

фото. ДЗС