Поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од шумски пожари и други пожари на отворен простор побара Дирекцијата за заштита и спасување, поради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период што претстои.
 
-Како неопходни мерки за намалување на опасноста од наста­ну­ва­ње на шумски пожари и други пожари на отворен простор, ДЗС посочува  да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари и догорчиња, пишува во соопштението на дирекцијата.

Во него се апелира до граѓаните доколку забележат пожар, веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонскиот број 193, да ги следат и почитуваат известувањата и предупредувањата на надлежните служби и државни органи.

OhridNews