Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година бројот на дипломирани студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид изнесува 378, од кои 307  редовни и 71 вондреден студент.

На национално ниво, на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите , во споредба со 2011 година бројот е зголемен за 6 отсто.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 79,8 проценти се редовни, додека 20,2 отсто се вонредни студенти.

Од вкупниот број студенти 42 отсто дипломирале во рок, додека 58 проценти дипломирале по рокот.

OhridNews