Електронскиот дневник во основните и средните училишта во земјава повторно е ставен во употреба, откако еден месец се надградуваше софтверот со цел намалување на времето за внесување на податоци во истиот.
Како што објасни Министерот за образование и наука, потребно е наставниците во континуитет да ги внесуваат оценките, а не да го чекаат последниот ден за негово пополнување.
За оние наставници од основните и средните училишта кои нема навреме да ги внесат податоците и оценките за учениците во е-дневникот, предвидени се казни во висина од 300 евра.
OhridNews