Македонската фудбалска репрезентација ќе има огромна поддршка од сите навивачки групи во нашата земја на трибините во бараж средбата со Косово во полуфиналето од плејфот во Лигата на Нации.

Навивачките групи на состанок на кој беше и навивачката група „Рибари“ Охрид одлучија да се здружат и заедно да навиваат за Македонија, оставајќи го големото ривалство на страна.

А репрезентацијата дуелот со Косово ќе го одигра на 26 март на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје. Победа против Косово, Македонија ќе ја одведе во финалето и само еден чекор до историски пласман на Европско првенство кое летово во 12 земји.

OhridNews