Од вчера, за фирмите (правни лица и вршители на дејност) достапна е новата услуга на Управата за јавни приходи ,,е-Промена на податоци”. Преку користење на оваа услуга, фирмите можат брзо и едноставно преку телефонско јавување на бесплатниот број 0800 33 000 да извршат промена на нивните податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП.

Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, даночниот обврзник услугата ќе може да ја користи само со ПИНКОД, кој е задолжителен за идентификација и без кој не може да се врши промена на регистрационите податоци. За доделениот пинкод, секоја фирма и ново регистриран даночен обрзник ќе добие известување од УЈП преку пошта.

OhridNews