Од понеделник, 16-ти март, фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на улицата „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“, информираат од Охридска банка.
- Заради овие активности, граѓаните кои живеат на овој потег треба сифоните да ги остават полни со вода за да не дојде до непријатни миризби, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму со апел до граѓаните да имаат разбирање поради евентуалниот сообраќаен метеж кој би настанал.
OhridNews












