На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото “што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина” #ЉУБОВ.
Во рамки на одбележувањето, на 8-ми мај во 10 часот ќе се положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, по што во 10.30 часот ќе с еодржи Отворен ИНФО ДЕН-прием во седиштето на Црвен
крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст. Истиот ден, од 10 до 14 часот, во просториите на ФТУ ќе се одржи крводарителска акција.
Од 8-15 мај, ќе се одржи Работилници за дисеминација-Ширењето на знаењата за Црвениот крст со волонтерите на Црвен крст Охрид.
OhridNews












