Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници.

Како што се наведува во јавниот повик: Корисникот на финансиската поддршка треба да ги изврши следните обврски: – најдоцна до 1 декември 2018 година да воспостави и/или одржи база од најмалку еден воздухоплов (авион) на „Меѓународен аеродром Скопје“ за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, – најдоцна до 1 декември 2018 година да воспостави и/или одржи база од најмалку еден воздухоплов (авион) на аеродромот „Св. Апостол Павле“–Охрид за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, – најдоцна до 1 ноември 2018 година да започне со оперирање на најмалку две нови дестинации од „Меѓународен аеродром Скопје“ и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, – да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, првите две до крај на 2018 година, а останатите во рок од една година од склучување на Договорот и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка.

Понудените дестинации не смеат да бидат исти односно понудените дестинации за „Меѓународен аеродром Скопје“ не смее да се совпаѓаат со понудените за аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид за периодот за кој се доделува финансиската поддршка која е предмет на финансиска поддршка да биде постојано опслужувана најмалку два пати неделно во која било од ИАТА сезоните по однапред определен ред на летање од нејзиното воведување до завршување на периодот за кој се доделува финансиската поддршка. Секоја нова дестинација воведена за периодот за кој се доделува финансиската поддршка која е предмет на финансиска поддршка а ќе се оперира од „Меѓународен аеродром Скопје“, да не е опслужувана со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони од/до „Меѓународен аеродром Скопје. Секоја нова дестинација воведена за периодот за кој се доделува финансиската поддршка која е предмет на финансиска поддршка а ќе се оперира од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, да не е опслужувана со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони од/до аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и од „Меѓународен аеродром Скопје.

Финансиската поддршка ќе се додели на барателот кој ќе понуди најголем број на нови дестинации на кои ќе оперира од/до аеродромите „Меѓународен аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, а кои не биле опслужувани со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони од/до „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св.Апостол Павле“- Охрид. Во случај два или повеќе баратели да понудат ист број на дестинации на кои ќе оперираат од/до аеродромите „Меѓународен аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, финансиската поддршка ќе се додели на барателот кој ќе понуди поголем број на неделни фреквенции на дестинациите на кои ќе оперира од/до аеродромите на „Меѓународен аеродром Скопје“ и „Св.Апостол Павле“ – Охрид.

Во случај два или повеќе баратели да понудат ист број на неделни фрекфенции на дестинациите на кои ќе оперираат од/до аеродромите на „Меѓународен аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, финансиската поддршка ќе се додели на барателот согласно принципот на првенство при поднесување на барањето за доделување на финансиската поддршка.

OhridNews