Џејсон Момоа објави фотографија и неколку видеа со нова тетоважа на неговата главата. Со новиот имиџ и стил, американскиот глумец всушност сака прво да привлече внимание, па да ги пренесе еколошките пораки за кои се залага.

Помогнете да престанеме со пластиката за еднократна употреба, напиша тој во описот на првата објава.

Многумина се воодушевени од неговиот нов изглед и посветенста кон своите уверувања, меѓу кои и неговиот колега – глумецот Тајрис Гибсон.

Те сакам, голем брате. Твојот дух е скромен, а толку заразен и голем, прокоментира Гибсон.

На почетокот на месецот Џејсон избричи дел од својата препознатлива долга коса, повторно повикувајќи ги своите следачи да се направи сѐ што се може за луѓето да ја намалат количината пластика што ја користат.

OhridNews