Веќе 23 години, во Охрид функционира локалното Еколошко друштво „Грашница“, кое во текот на изминатите две децении има дадено огромен придонес во подигнувањето на јавната еколошка свест кај населението од овој регион. Почнувајќи од еколошката едукација, масовната вклученост во голем број акции, подготовка на проекти, па се до спречување на еколошки инциденти и укажување на пропустите направени во минатото.

Како што објаснуваат од ЕД „Грашница“, друштвото претставува мост помеѓу надлежните институции и барањата на граѓаните, односно излвекување на инсепкторските служби на терен во интерес на охриѓани.

На некој начин после 23 години активна работа, односно поминување во разни периоди со промена во раководството, наша генерална оценка е дека веќе сме го надминале тој период на созревање. Активностите во насока на собирање отпадоци се надминати, а тие активности ги оставаме за учениците. Сме граделе капацитети, сме едуцирале, а сето тоа оди во позитивен правец, односно дојде време, службите да ја преземат одговорноста за одредени еколошки инциденти. Успеавме да ги извлечеме инспекторите на терен и тоа веќе може да се почувствува. Комуникацијата е интезивна, а често пати надлежните реагираат по наше укажување, односно по барање на граѓаните.“ – вели Борче Стојаноски, претседател на ЕД „Грашница“ од Охрид.

Минатата недела, активисите на ЕД „Грашница“ беа индиректно вклучени во акцијата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при општина Охрид, за собирање на отпадно масло од охридските домаќинства.

Веќе од поодамна сме вклучени во овој проект, во смисла на логистичка поддршка на планот што го спроведува локалната власт. Во тој дел, на еден начин делумно се придонесе во складирање на овој опасен отпад, што говори за високата свест кај охриѓани. Исто така, оваа година организиравме акција за искоренување на некои биолошки штетници, како што е бршленот во стариот дел на градот. Последно, на повик од граѓаните бевме вклучени во отстранување на фрленото теле и други отпадоци од животинско потекло кај селото Орман.“ – додава Стојаноски.

Во последниве неколку години, ЕД „Грашница“ како членка на европското Здружение „Пријатели на земјата“, активно е вклучено  во кампањата за присуство и истражување на некои пестициди, кои преку храната се внесуваат кај човекот.

Конкретно истражувавме за глофосад, односно пестицид кој широко се применува во Европа и кај нас. Меѓудругото, зедовме 10 примероци од случајно избрани поединци, а кај една единка утврдивме зголемено ниво од оваа состојка. Упорно укажуваме на прекумерната употреба на пестициди и вештачко ѓубриво од страна на земјоделците. Пред неколку денови, имаше случај во Ресен, каде хрватски бизнисмен констатирал дека во јаболката има прекумерна доза на пестициди, па се откажал од набавката и се упатил во соседна Грција. Од друга страна, во источниот дел  на Македонија, од нашите партнери дознаваме дека овој проблем е надминат, односно се користат средства кои се стрикно одобрени од Европската Унија. Мора да се укаже на сите овие работи, бидејќи пестицидите преку храната доаѓаат директно до човекот, односно влијаат на неговото здравје.“ – истакнува Стојаноски.

Охриѓани, веќе една година се активно вклучени во петицијата, со кој се бара измена на член 20 од Законот за животна средина, односно иницијатива која предивидува фабриките-загадувачи  да се градат на 5км оддалеченост од населените места.

Таа е последна поголема заедничка акција, за измена и дополнување во Законот за животна средина, во поглавјето за оценка на влијанието на проектите врз животната средина, односно определување минимални растојанија на тешката индустрија во населени места. Акцијата, ја насочуваме кон лобирање во собранието, односно до пратеници кои ќе ја поддржат оваа иницијатива. Исто така, се врши пренос на европската регулатива и нејзина хармонизација со македонската. Во последниот извештај, беше истакнато дека потребни се напори во делот на водите, односно мониторинг на квалитетот на водните тела и управување со речните сливови. Бевме вклучени во еден проект за присособување кон климатските промени. Работевме заедно со колеги од Србија, Хрватска, Црна Гора и Австрија. Беше изработена студија за ранливоста токму од овие промени. “ – вели Ѓоко Зороски од Еколошкото друштво „Грашница“.

Како што тој објаснува, надлежностите на службите треба да се насочат во однос на изработка на плански документи, кој ќе донесат стратешки оценки околу влијанието на градбите врз животната средина.

Мора да се запазат сите тие еколошки мометни, односно да се почитуваат законските регулативи кои се добро хармонизирани со европските. Доколку се работи за градба во поголем регион, најпфво се иразботува стратешка оценка за влијанието врз животната средина, како таа инвестиција би се вклопила во целиот простор во корелација со ресурсите и биолошкото движење. Потребно е да се изработат студии, а значајна е вклученоста на граѓаните во јавните дебати, односно треба поголем интерес кај месното население со цел навремено исправување на потенцијална еколошка грешка.“ – објаснува Зороски.

Во моментов, ЕД „Грашница“  е директно вклучено во изработка на повеќе проекти, преку кои можат да се искористат европските финансиски средства од ИПА програмата.

Веќе аплициравме со проект „Дримски Дијалог“  и можеме да кажеме дека првата фаза е помината, односно проектот ќе биде одобрен. Во лицето на нашиот координатор Зороски, имаме експерт кој е единствен на подрачјето во Охрид. Тој е веќе координатор на еден голем македонско-албански проект од ИПА програмата, кој стартува пред непол месец. Се работи и на трет голем проект, каде што е помината првата фаза. Охрид е еден од ретките градови кој има едуциран кадар, кој работи на подобрување на свеста кај младите. Секој наш член придонесува со своето образование и квалитет, односно сите заедно ги следиме европските теркови.“ – додаваат од ЕД „Грашница“.

О.Т.