Норвешкиот фудбалски вундеркинд Мартин Едегард го официјализираше договорот со десеткраниот Европскиот првак, Реал Мадрид.
Откако беше обелоденет трансферот на Едегард, тој од својот Твитер профил ги избриша фотографиите на кои го величеше Лионел Меси.
Пред трансферот на Сантијаго Бернабеу младиот норвежанец не криеше дека Аргентинецот е негов идол, а дали сега ќе треба да го смени или „заборави“ останува да видиме.
Мх.П.