Португалската футсал селекција ги комплетираше учесниците во полуфиналето на Мундијалот совладувајќи ја селекцијата на Азербејџан со 3-2 во 1/4 финалето. Мечот го одбележа Рикардињо на кој му беше потребен само еден допир да постигне магичен погодок.


„Европските бразилци“ во полуфиналето ќе ги одмерат силите со Аргентина додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат репрезентациите на Иран и Русија.

OhridNews