Двата најдобрите тенисери во светот Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер ќе се сретнат во полуфиналето од мастерс турнирот во Шангај.

Во четвртфиналните пресметки Србинот беше подобар од шпанскиот тенисер Давид Ферер во два сетови додека Швајцарецот го совлада Бенетау исто во два сетови.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Фелисијано Лопез и Гаел Симон кои во четвртфиналето поуспешни беа од Јужни односно Бердих.

Мх.П.