Не само навивачите туку и фудбалерите ја загубија трпеливоста со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал. Неговото останување на менаџарската функција ќе значи заминување на Давид де Геа и пропаѓање на евентуалниот трансфер на Златан Ибрахимовиќ.


Најдобриот фудбалер во Манчестер Јунајтед последниве три години не е задоволен од резултатите и игрите на екипата, а за кривец го гледа холандскиот стручњак.

Шпанецот потпиша нов четири годишен договор со „црвените ѓаволи“ по долгото и бурно лето околу неговиот трансфер во Реал Мадрид.

„Кралевите“ будно ја следат ситуацијата на Олд Трафорд и лесно може да се случи да ја активираат клаузулата во договорот на Де Геа која изнесува 40 милиони евра.

Исто така ултиматум до Манчестер Јунајтед постави и Златан Ибрахимовиќ кој отфрли трансфер на Олд Трафорд ако Холанѓанецот остане на кормилото од клубот. Ибра го посакува Португалецот, Жозе Мурињо за тренер со кој соработуваше во Интер.

„Црвените ѓаволи“ следната сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа откако сезонава во Премиер лигата завршија на петтата позиција. 

OhridNews