Фудбалерите на Борусија Дортмунд запишаа нови три бодови на табелата совладувајќи го со минимални (1-0) тимот на Инголштад во првиот меч од 25-та рунда во Бундес лигата.


„Милионерите“ само резултатски ја оправдаа фаворитската улога пред своите гледачи, бидејќи не покажаа некоја допадлива игра. Стрелец на голот вреден три бодови беше Пјер Емерик Обамејанг во 14-та минута од натпреварот. 


Со победата во дуелот со Инголштад „милионерите“ се доближија на три бодови до второпласираниот Лајпциг кој има натпревар помалку.

OhridNews