Навивачите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал имаа причина за радост и тага во вчерашниот ден, откако „топчиите“ најпрво успеаја да го ангажираат Бернд Лејно, но и да се збогуваат со детето на клубот Џек Вилшер.
Минатогодишниот капитен на Арсенал, Вилшер преку социјалните мрежи ја соопшти одлуката за заминување, образложувајќи дека дојдено е времето за промена и оти посакува нов предизвик во кариерата.
26-годишниот германски чувар на мрежата Лејно со Арсенал потпиша пет годишен договор, а „фармацевтите“ заработија 20 милиони фунти од трансферот во Англија. Доаѓањето на Лејно ќе значи збогум за Петер Чех или Давид Оспина кои беа голманска опција кај Арсен Венгер.
Лејно е втор официјално потврден трансфер на новиот предводник на Арсенал, Унаи Емери. Клубот неодамна го засили искусниот швајцарски репрезентативец Стефан Лихштајнер од Јувентус.
OhridNews