Еден навивач на мечот меѓу Јувентус и Порто во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони им одржа лекција на сите хулигани кои со своите „диви“ постапки ја упропастуваат целата спортска идила на натпреварите. Навивачот од Португалија отиде на трибините каде што се наоѓаа домашните фанови, кога сите очекуваа инцидент гостинскиот навивач размени шал со фан на Јувентус и се врати на своето место. Аплауз доби од двата навивачки табори и им одржа лекција на сите навивачи. Секоја чест !
OhridNews