Во светски рамки бројот на заболени од СИДА достигна 34 милиони.
Според најновите податоци на Иститутот за јавно здравје, во Македонија регистрирани се 142 случаи со ХИВ/СИДА. Од тоа 117 се машки, а 25 женски лица. Годинава се регистрирани 10 нови случаи со ХИВ/СИДА во Македонија. Од нив седум имаат сида, од кои три машки лица има во Скопје и по едно лице во Охрид, Велес и Куманово и едно женско лице во Битола.
Во Македонија во моментов со ХИВ/СИДА живеат 76 лица, а починати се 66.
Мотото под кое оваа година се одбележува Светскиот ден на борба против СИДА е „Визијата за свет со нула ХИВ-инфекции, нула дискриминација и свет со нула смртни случаи асоцирани со СИДА“.