Пациент од Охрид на возраст од 54 години починал во болнички услови како последица од Ковид 19, информира Министерството за здравство. Во болнички услови починала и пациентка на 51- година од Радовиш, која е втора жртва на опасниот коронавирус изминатото деноноќие.
Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид 19, од кои 3 во Охрид, 5 во Струга, 17 во Скопје, 13 во Куманово, 11 во Прилеп, 10 во Тетово…

Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791, бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959.
OhridNews











