Полицијата трага по напаѓачите кои вчера убија еден , а ранија  двајца полицајци  во вооружен напад што се случи  во скопската населба Автокоманда.

Непознати сторители од возило „Опел Вектра“ во движење отвориле оган врз џип со кој полицајците припадници на специјалната единица „Тигри“ се враќале од терен.

Полицајците изненадени не успеале да одговорат на нападот. Се упатиле веднаш кон градската болница, но на пат до таму еден од тројцата повредени полицајци во нападот им подлегнал на повредите. Двајцата ранети полицајци се хоспитализирани и се надвор од животна опасност.

ohridnews