Слатки и сочни, портокалите имаат бројни здравствени предности. Само еден портокал дневно ќе ви помогне да го сочувате здравјето. Одлични се свежи, но многумина најрадо го пијат сокот од портокал.

Но, бидејќи се богати со влакна, најдобро е портокалот да го изедете. Ви донесуваме неколку причини поради кои би требало повеќе и почесто да уживате во ова овошје.

Силен имунитет
Портокалите се најдобар начин да ги задоволите своите дневни потреби за витамин Ц. Овие витални хранливи материи ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот, па на тој начин ќе избенете болести и инфекции.

Убава кожа
Нашата кожа се менува со годините. Но, портокалите содржат витамин Ц и антиоксиданти кои можат да ви помогнат да го сочувате здравјето, убавината и младоликиот изглед на кожата.

Здрави очи
Портокалите се богати со витамините Ц и А, и калиум кои се одлични за очите. Ако сакате да го сочувате здравјето на очите, доволно е да изедете еден портокал дневно.

Здрав стомак
Портокалите се добар извор на влакна кои се важни за здравјето на стомакот. Исхраната богата со влакна спречува здравствени потешкотии како чиреви и запек.

 

извор:zenstvena.com