Сообраќајна несреќа
се случи на улицата „Питу Гули“ во непосредна близина на местото каде се
одвиваше протестот на здружената опозиција. Се судрија патнички возила
„Форд“ и „Цитроен“, при што едно лице се здобило со лесни телесни
повреди.

Како што информираат
од СВР Охрид, до незгодата дошло кога едно од возилата со цел да ја
избегне блокадата се обидело да се врати назад, при што невнимателно
изманеврирало поради што дожло до судир со друго возило.

Повреденото лице со возило на Брза помош било хоспитализирано, при што биле констатирани лесни повреди.

OhridNews