Златан Ибрахимовиќ е во фокусот на светските медиуми заради успешниот старт во дресот на Манчестер Јунајтед, но фудбалските критичари со високи оцени го наградуваат Маруане Фелаини.
Иднината на белгискиот репрезентативец пред почетокот на сезоната не беше светла на Олд Трафорд, но еден повик по завршување на Европското првенство во Франција ја смети за цел круг неговата кариера.
Повикот не е од било кој туку од Жозе Мурињо лично кој во кратки црти му објаснил на Фелаини дека смета на него.
– Ми се јави додека бев на одмор и разговараме за мојата иднина во Манчестер Јунајтед. Тој кратко ми објасни да не читам повеќе весници кои ме продаваа секој ден и да се фокусираме максимално на новата сезона. – изјавил Фелаини за британските медиуми.
Белгиецот двата меча во Премиер лигата и дуелот со Лестер во Супер купот на Англија ги стартуваше од првата минута, а во контролните мечеви пред почетокот на сезоната успеа да се запише и во листата на стрелци.
OhridNews