
Според СВР Охрид Б.К. (36), од Косово во хотелската соба имал жестока љубовна расправија со партнерката, инаку државјанка на Албанија. Во расправијата од засега непознати причини Б.К. изгубил размотежа и паднал од третиот кат од хотелот. Повредениот веднаш бил пренесен во струшката болница од каде итно е упатен во Ургентниот центар во Скопје. Како што соопшти полицијата анализите на крв покажале дека повредениот бил под дејство на алкохол.
ohridnews












