Со полуфиналните мечеви денеска продолжува трката за трофејот во најмасновно натпреварување во Македонија. Актуелниот лидер Вардар игра против Ренова, додека Работнички го пречекува Хоризонт Турново.


Вардар кој сезонава атакува на двојната круна, во досегашниот тек од шампионатот нема победа над Ренова. “Црвено-црните“ единствениот пораз сезонава го претрпеа токму во купот и тоа до 11 Октомври во Струга со 2-1.


–    Наше единствена шанса е купот, имавме тешка ждрепка го добивме лидерот Вардар, кој сигурно е и најквалитетната екипа во домашното првенство. Меѓутоа Ренова ќе направи се да се пласира во финалето и преку Купот да бараме излез во Европа – истакна Костов на подготовките во Охрид.


Работнички, единствено според името е фаворит на мечот со Х.Турново. Двете екипи се наоаѓаат во долниот дел од прволигашката табела и излезот во Европа е можен само преку националниот куп.

М.П.