Едно лице го загуби животот, а четири се повредени, од кои две потешко, во инцидент за време на вежба за спасување на најголемиот крузер на светот “Harminy of the Seas” на компанијата „Ројал Карибиан“. Инцидентот се случил во пристаништетот во Марсеј, Франција.
Како што пренесуваат светските медиуми, до несреќата дошло кога еден од спасувачките чамци на бродот за време на вежбата се окачил и паднал во море од десетина метри. Притоа загинал член на посадата од Филипини. Тројца од повредените исто така се од Филипините, а еден е од Индија.
Овој крузер е долг 362 метри и висок колку 25-катница и може да превезува 8000 патници.
OhridNews