Едно лице загина, а уште четири се поведени во тешката сообраќајка што се случи во петокот вечерта околу 23.30 часот кај Стара рампа, во скопската населба Кисела Вода.

Во несреќата се судриле автомобил „лада“ со скопски регистерски ознаки и патничко комбе „форд транзит“ со белградски регистерски ознаки. Во сообраќајката на лице место загинал триесет и едногодишниот Мирче, возач на автомобилот, а со тешки телесни повреди се здобил неговиот деветнаесетгодишен сопатник.

Со телесни повреди се здобил возачот на комбето, четириесет и двегодишиот А.Б. и уште двајца сопатници од комбето, сите од Србија.

Тешко повредениот е пренесен во Ургентен центар, додека полесно повредените во градската болница „Наум Охридски“. Автомобилот е речиси целосно оштетен, а телото на починатиот го ваделе пожарникари.

OhridNews
Извор:„Макфакс“