Едно лице го загуби животот, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото Добреноец.

Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, од засега непознати причини дошло до директен судар на две патнички возила со кичевски регистарски ознаки.

Повредените во несреќата се пренесени во кичевската општа болница, а поради увидот извесен период сообраќајот на овој патен правец беше во прекин, по што истиот е нормализиран.

OhridNews
фото: Архива