Утрово околу 09,00 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај местото викано Сатеска, атар на село Зајас се случила сообраќајна незгода во која возило “рено лагуна” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(59) излетало од патот и се превртело.

Во сообраќајката на лице место починала сопатничката Младица С.(80) од Скопје, со тешки телесни повреди се здобило лицето кое го управувало возилото додека со телесни повреди се здобила третата сопатничка В.К.(53) од Скопје, соопшти МВР.

OhridNews