Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот на регионалниот пат Струга – Дебар во близина на сточниот пазар. До несреќата дошло кога од засега непознати причини директно се судриле патничко моторно возило Пасат со струшки регистарски таблички, управувано од В.Е. (19) од Калишта и мотор управуван од 54 годишниот Бошко М. од Струга, кој смртно настрадал во несреќата.
На местото на настанот увид изврши сообраќајната полиција, која работи на расветлување на несреќата.
OhridNews